„Рекет“ продолжува утре, Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Со изнесување на материјални докази, утре продолжува главната расправа за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Денеска во судот сведочеа кумата на Јовановски, Мери Дика Георгиевска, стручната соработничка на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Сања Димовска, управителка на Зона мебел, Лидија Младеновиќ, продaвачка од продавница за мебел и ТВ-водителката Лила Стојановска.

Шефот на кабинетот на поранешната специјалната обвинителка, Димовска на конкретно прашање на обвинителките рече дека во еден период кога Јанева била на одмор добила ургентно барање од судијката Весна Димишкова за укинување на мерката одземање на пасош за осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја“,  за што ја известила шефицата и добила насоки за барањето да ја извести заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска преку нејзината стручна соработничка. На прашање на одбраната дали Катица Јанева дала насоки за тоа на колкав временски период да му биде вратен  пасошот на Камчев, таа рече дека Јанева рекла за тоа да одлучи Судот.

Водителката Лила Стојановска рече дека на Боки 13 му помогнала со донација од 25.000 евра и позајмица од 500.000 денари. На прашање на обвинителката дали прво примила 500.000 денари, а подоцна истите ги вратила, Лила рече дека не е точно дека примила, туку дека само таа дала лично нејзини средства.

Управителката на Зона мебел Младеновиќ, од каде што бил набавуван мебел за ТВ1, рече дека за зделката телевизијата ѝ останала должна на нејзината компанија 196.000 денари, но вработена кај Боки 13, по поднесените тужби за долгот од страна на Зона мебел, донела 2.700 евра гаранција за долг.

На крајот на денешното рочиште обвинетиот Боки 13 го извести Судот дека е во лоша здравствена состојба, иако, како што рече, добро изгледа и дека побарал меѓународна здравствена помош. Јовановски рече дека пратил посмо до јавниот обвинител Љубомир Јовески дека е дискриминиран, а за тоа добил одговор дека треба да се обрати во Судот. Првобвинетиот беше предупреден од Судот дека овие забелешки не се однесуваат на предметот и дека за такви барања е задолжени Јавното обвинителство.

Јовановски пред Судот и присутната јавност рече дека сака да поднесе 19 кривични пријави, но праша дали кривична пријава за Вилма Русковска да поднесе кај обвинителката Вилма Рускоска и дека за неа има несоборливи докази за криминал поврзан со корупција вреден четири милиони евра. Потоа побара изземање за Рускоска. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе