Реклама за долна облека забранета поради еротска содржина
Bras N Things мораше да ја повлече рекламата за долна облека со 22-годишниот модел Симона Холцнагел, поради обвинувања дека е со непристојна содржина.
Рекламата наиде на различни обвинувања и на голем број жалби во Австралија, затоа беше повлечена од продавниците на брендот. Симона истата ја објави на Instagram, со објава во која го искажува револтот што рекламата ја споредуваат со порнографска содржина.