Реконструкција на лицето на загинат викиншки борец

Пред повеќе од половина милениум на островот Готланд бил извршен масакр од страна на странски платеници над локалното население. Еден од жителите претрпел сериозни повреди на главата, поради што научниците одлучиле да направат реконструкција на неговиот изглед.

За време на 1361 година на шведскиот остров Готланд се водела борба помеѓу над 2.500 дански платеници и 2.000 слабо вооружени селани од кои третина биле малолетни или спаѓале во групата на постари мажи. Во масакрот убиени биле околу 1.800 бранители, а помеѓу нив се нашол и борец кој според антрополошките анализи на черепот устата му била разбиена со секира, додека коските над окото и јаболчницата од левата страна му биле смачкани со мотика.

По битката, граѓаните на Висби - главниот град на островот - се предале за да избегнат понатамошно крвопролевање. На кралот Валдемар IV морале да му платат отштета, а тој островот го присвоил и го прогласил за дел од своето кралство. Сѐ до договорот од 1645 година во Бромсебо, и Данска и Шведска го сметале островот за свој. Денес се наоѓа во Шведска и е најголем шведски остров. На почетокот од XX биле откопани пет масовни гробници во кои биле пронајдени масакрирани скелети.

Специфичното откритие на селанец со разбиена глава ги заинтересирало експертите по графика, поради што посакале да го реконструираат неговиот изглед. Но, бидејќи самиот череп не давал доволно податоци на чија основа би го одредиле неговиот изглед - некои параметри ги направиле според статистичките податоци. На крајот добиле многу веројатен изглед на борецот во времето на неговата смрт, со тоа што сѐ уште е нејасно дали ударот со секира во главата бил фатален.

Експертот за графика, Бразилецот Сисеру Морајс, кој бил вклучен во целокупниот процес на реконструкција, објаснува дека за него овој потфат претставувал оживување на суровото минато и реконструкција на една бруталност.

„Денес во светот се бодат борби на неколку места, а повеќето од тие сцени ги набљудуваме од далечина, не ни претпоставувајќи што се случува со борците. Замислете само како им е на тие што се изложени на такво насилство“.

реклама

Лукот не е здрав за секого: Голем ризик за дури 4 групи луѓе

Read more

Večernji list: Македонската Струга е историско место за хрватскиот фудбал

Read more

Се огласи и Роналдо

Read more

Кои луѓе не смеат да пијат кафе?

Read more

Наука

Под супервулканот Јелоустоун има двојно повеќе магма отколку што се мислеше

Read more

Загрижувачко откритие: Бактериите имаат нов начин на развивање резистентност на антибиотици

Read more

Гуштерите постоеле 35 милиони години порано отколку што мислевме досега

Read more

Што ако НАСА никогаш не постоеше?

Read more
 

Гик

ЕУ дебатира како правно да се регулира работата на вештачката интелигенција

Читај повеќе

Како бесплатна игра заработи 9 милијарди долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како НАСА планира да ги врати луѓето на Месечината до 2024?

Читај повеќе

Корисниците во Европа ќе може сами да го поправаат својот iPhone

Читај повеќе

Кои се најпребаруваните поими на Google во 2022?

Читај повеќе
  • play_arrow

Конечно пронајдени остатоците од последниот тасмански тигар

Читај повеќе

ЕУ инвестира 43 милијарди евра во производство на европски чипови

Читај повеќе

Кој најмногу верува во вештерки, клетви и уроци?

Читај повеќе

Под супервулканот Јелоустоун има двојно повеќе магма отколку што се мислеше

Читај повеќе