Бизнисот на Facebook „цвета“ благодарение на мерките коишто се воведени поради пандемијата предизвикана од COVID-19.
Од Facebook е соопштено дека рекорден број на луѓе ги користат нивните услуги, особено апликациите Messenger, WhatsApp и Instagram.
Минатиот месец Facebook соопшти дека користењето на апликациите за допишување е зголемено за 50%, и дневно бележат околу 700 милиони повици на Messenger и WhatsApp.
И покрај одличните резултати, свесни се дека популарноста на овие апликации е привремена. Затоа Марк Закерберг вели дека имаат помалку реклами во земјите каде што се преземени поагресивни мерки против ширењето на коронавирусот.
Facebook пријави приход од 17,7 милијарда долари, а профитот изнесува 4,9 милијарда долари. Тоа е раст за 18, односно за 102 проценти повеќе во однос на претходната година.
Бројот на луѓе кои дневно ја користат Facebook апликацијата е зголемен за 11 проценти во однос на првиот квартал од минатата година и изнесува 1,7 милијарда луѓе, додека бројот на корисници е зголемен за 10 проценти на 2,6 милијарди.