Рекорден број пожари ја опустошуваат Амазонија и Пантанал во Бразил

Рекорден број пожари беснееја во Амазон и Пантанал во Бразил минатиот месец, според официјалните податоци, откако уништувањето на шумите и климатските промени предизвикаа хаос во некои од највредните екосистеми на планетата.

Тропските шуми на Амазон се дефинирани како „бели дробови“ на Земјата поради нивната улога во производство на скоро 10 проценти од кислородот во светот.

Регионот Пантанал, што се наоѓа на југот на Бразил, е едно од најголемите тропски влажни зони во светот и рај за биолошка разновидност што се протега надвор од границите на Бразил до Парагвај и Боливија.

Бројот на пожари обично опаѓа во октомври, кога Амазон се приближува на сезоната на дождови.

Но, бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (ИНПЕ) регистрираше 17.326 пожари во Амазонската џунгла во октомври, двојно повеќе отколку во истиот месец во 2019 година. Сателитските снимки покажаа речиси 100.000 пожари во првите 10 месеци од 2020 година, повеќе отколку во целата измината година.

ИНПЕ, исто така, регистрираше речси 3.000 индивидуални пожари во Пантанал, нов месечен рекорд од почетокот на собирањето податоци во 1998 година. Во регионот, од кои 23 проценти изгореа оваа година, досега беснееја рекордни 21.115 пожари, повеќе од двојно отколку во 2019 година.

Експертите и еколошките невладини организации за таквата состојба го обвинуваат бразилскиот претседател Жаир Болсонару, скептик за климатски промени, кој го поддржува отворањето на двата региона за сеча и земјоделство.

Некои пожари се резултат на намерно палење за да се подготви земјиштето за добиток, и покрај 120-дневната забрана за практика воведена во јули.

Тагови
реклама

Lidl доаѓа во Северна Македонија

Read more

Првпат на реклама: Вака изгледаат градите на жените кои дојат

Read more

Во Помпеја откопана античка римска кочија

Read more

Илон Маск, тргни се да помине дечково

Read more

Свет

Лавров: Ќе им одговориме на САД ако воведат санкции кон Русија

Read more

Што треба да знаете за петте најголеми воени сили во светот?

Read more

Стотици номинации за годинашната Нобелова награда за мир

Read more

Ослободени киднапираните девојчиња во Нигерија

Read more
 

Вести

ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување

Читај повеќе

Заев: Истрагата за обидот за бегство на Мијалков мора да се спроведе до крај

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 726 новозаразени и 7 починати

Читај повеќе

Приведен тетовец за издржување казна затвор

Читај повеќе

Дигитализација на јавните обвинителства и воведување е-инспектор, дел од мерките против корупцијата

Читај повеќе

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

Читај повеќе

Лавров: Ќе им одговориме на САД ако воведат санкции кон Русија

Читај повеќе

Компаниите може да аплицираат за февруарска помош за плати цел март

Читај повеќе

Што треба да знаете за петте најголеми воени сили во светот?

Читај повеќе