Рекорден број ракописи испратени за наградата Антево перо 2020

На годинешниот Конкурс за наградата Антево перо, именувана според великанот на македонската поезија Анте Поповски, а која се доделува како исклучително поетско признание за необјавена стихозбирка на македонски јазик, пристигнати се 96 авторски ракописи.

Жири комисијата во состав проф. д-р Венко Андоновски, (претседател) д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови, изразува задоволство и благодарност за реакцијата и нагласената заинтересираност од авторите, и констатира дека е нотиран нов рекорден број на пристигнати поетски книги што треба да се толкува како продолжение на трендот на натамошен континуиран прогрес на манифестацијата воопшто.

Жири комисијата смета дека Конкурсот за наградата Антево перо за 2020 година, како никогаш претходно, понуди мноштво нови и успешни поетски светогледи во тематска смисла, но и естетски различни, со уникатен и нов творечки пристап. Организаторите потенцираат дека освен авторите од Македонија, за меѓународниот карактер на Конкурсот но и на целата манифестација, годинава се погрижија и поети од Кипар, односно од Србија, испраќајќи свои стихозбирки, согласно конкурсните пропозииции – на македонски јазик.

-По темелно, разгледување, анализа и дискусија за секое од пристигнатите авторски дела, Жири комисијата на своето прво заседание, состави листа од 16 поетски книги, кои се во поширок избор за наградата и тоа: „Запирка“ на Милена Ристова – Михајловска, „Добрината пушти ја преку ред“ на Сандра Трендевска, „Каучот на Фројд“ на Димитар Арнаудов, „Жив(отн)и песни”на Владимир Мартиновски, „Остров во окото“ на Зоран Пејковски, „Бог на ба(к)терии“ на Ведран Стоев, „Потпис:Трепетлика“ на Ана Стојаноска, „Огнот наш нестишен“ испратена под шифрата„Сребрена“,„На крајот од тунелот“на Игор Лозаноски, „Искра“ на Оливер Серафимовски, „Еден маж и една жена или како љубовта раздвојува светови“ (Интерактивна збирка) на Елена Пренџова , „Бујрум ако смееш прочитај ја тишината“ на Емељ Туна, „Изгубен компас“ на Славица Урумова-Марковска, „Додека војуваме“ на Жаклина Филипова-Свеќаровска, „Од тајните на готската жена“ на Даница Петровска, како и стихозбирката „И птица, и риба, и змија и жена“ на Анета Велкоска, соопшти Комисијата.

Редоследот на номинираните нема вредносно значење, информираат организаторите на конкурсот.

Во поширока конкуренција за наградата „Антев часовник“, која е востановена со цел афирмација на македонскиот јазик меѓу млади творци со евидентна книжевно-поетска дарба, стручната комисија издвои дури шест книги поезија и тоа: „Брадикардија“ на Филип Дракалски, „Средбата на Вулкан и Минерва“ на Георгина Петреска, „Фантомот и реката“, на Емануела Ковачевска Китановска, „Разговорите што не можевме да ги имаме“ на Марија Велинова, „Ништожност“ на Душко Двојаковски и „Ведрина“ на Ведрана Петрова. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење, велат организаторите.

Комисијата додава дека на следната средба ќе го стесни изборот за наградите, за што ќе излезе со ново соопштение.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе