Рекорден дневен број на тестови, активни случаи се помалку од 3.000

Институтот за јавно здравје денеска регистрира намален број на активни случаи – 2.950. По подолг период бројот на активни случаи е под 3.000.

– Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период, велат од Министерството за здравство.

Оттаму истакнуваат дека денеска се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2.172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123.122. Министерството за здравство информира дека со зголемување на капацитетите за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на COVID-19.

Од ресорното министерството истакнуваат дека мерките за заштита од COVID-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат.

– Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи, велат од Министерството за здравсто.

Оттаму уште еднаш апелираат до граѓаните, без исклучок, да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете.

-Само заеднички можеме да се избориме со COVID-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, порачуваат од министерството.

реклама

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Read more

Македонија

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Заев: Гоце Делчев не може да нѐ двои, тој дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат

Read more

Вести

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Читај повеќе

Казнети 528 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршката за туристичкиот сектор за побрзо надминување на кризата

Читај повеќе

Во Велес пред Спомен куќата на Рацин промовирана збирка поезија „Слушни ја тишината“

Читај повеќе

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Читај повеќе

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Читај повеќе

Заев: Гоце Делчев не може да нѐ двои, тој дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат

Читај повеќе

Ерменија и Азербејџан повторно пред воен судир

Читај повеќе

Во кинески рудник поради труење со јаглерод моноксид загинаа 16 рудари

Читај повеќе