Рекордна продажба на Apple, благодарение на iPhone 11

Компанијата Apple смета дека рекордната продажба и профитот во кварталот што ги опфати божикните празници се должи на огромната побарувачка за моделот iPhone 11.

Шефот на технолошкиот гигант, Тим Кук, исто така изјави дека „будно го следат“ развојот на епидемијата на корона вирусот, што ги отежнува обидите за прогнозирање на профитот во следниот квартал.

Компанијата го намали работното време и го ограничи патувањето на вработените во Кина, додека фабриките на добавувачите на делови во земјата и понатаму се затворени поради епидемијата.

Apple пријави дека продажбата во трите последни месеци од 2019 година се зголемила за 8% во однос на истиот квартал во 2018 година, на 91,8 милијарди долари, додека нето профитот се зголемил за 11% на 22,2 милијарди долари.

Ваквите бројки се смета дека се должат на побарувачката за моделите iPhone и други уреди како паметните рачни часовници и AirPod уреди.

Во овој квартал Apple заработи околу 79 милијарди долари од производи и околу 12,7 милијарди долари од услуги како Apple Pay, новиот стриминг сервис Apple TV+, гејмерскиот сервис Apple Arcade и App store.

Вкупните резултати ги надминаа очекувањата на Волстрит и вредноста на акциите на компанијата се зголеми за 3%.

Најголем раст компанијата забележала во Европа, каде продажбата се зголемила за 14% во последниот квартал од 2019 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе