Бизнис

Рекордна продажба на Volkswagen во 2019 година

14. јануари 2020 - 19:34 | А.С.

Германската автомобилска компанија Volkswagen пријави рекордна годишна продажба за 2019 година, што би можело да одреди дали ќе ја задржи лидерската позиција како најголем автопроизводител на светот.

Гигантот со седиште во Волфсбург, Германија денеска соопшти дека испорачал 10,97 милиони возила во 2019 година. Тоа е повеќе од 10,83 милиони колку што испорача во 2018, кога ги надмина алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и Toyota, иако алијансата беше малку подобра во пресметката без камиони и камионети.

Се очекува во следните недколку недели да стигнат и бројките од алијансата и од Toyota. Јапонскиот производител во декември направи проценка дека вкупната продажба за 2019 година ќе изнесува 10,72 милиони возила, што пак го става зад Volkswagen.

General Motors ја држеше титулата повеќе од седум децении, а потоа изгуби од Toyota во 2008 и никогаш повеќе не се искачи на првото место по број на продадени возила, особено отккао го продаде бизнисот во Европа и други загубарски операции.

Volkswagen нагласува дека лидерската позиција во продажба не е бизнис цел на компанијата, туку деа се фокусира на финансиски резултати.

Volkswagen успеа да ја крене продажбата и покрај глобалниот пад на автомобилските пазари, а тоа значи дека сега зазема уште поголем дел од пазарот, на сметка на конкуренцијата.

Ваквите резултати беа силно поткрепени од солидните резултати на домашниот пазар во Геранија, како и во САД и во Бразил, додека намалување на продажбата имаше во Азиско-Пацифичкиот регион.

Коментирај