Рекордни 13 титули за Арсенал во ФА купот (видео)

Арсенал ја освои титулата во ФА купот, откако во финалето на „Вембли“ го победи шампионот Челзи со 2:1.

Екипата на Арсенал со оваа титула барем малку успеа да ја спаси сезоната, во која низ Премиер лигата не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Од друга страна Челзи не успеа да ја освои двојната круна, бидејќи сезонава ја освои шампионската титула.

Арсенал до предност дојде во раната фаза на натпреварот, во четвртата минута Алексис Санчез го совлада Куртоа. Чилеанецот налета на топката, впечатокот е дека ја прими со рака пред да го постигне голот, но откако се консултираше со помошникот, судијата Ентони Тејлор го призна голот.

Челзи во второто полувртеме, во 68 минута, остана со играч помалку поради исклучувањето на Мосес.

Диего Коста во 76 минута од работ на шеснаесетникот го совлада Оспина. Арсенал возврати три минути подоцна кога по нафрлувањето на Жиру, ударот на Ремзи со глава заврши зад грбот на Куртоа.

„Тобџиите“ со победата во финалето го освоија 13 трофеј во ФА купот, со што станаа апосолутни рекордери. Менаџерот на тимот Арсен Венгер стигна до седмата титула во ФА купот, трета во последните четири сезони.

 
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе