Рекордни 47.000 позитивни на COVID-19 во САД за едно деноноќие

САД пријавија рекорден број на нови 47.000 случаи на COVID-19, најголемо зголемување на ново заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, јавија американските медиуми.

Најмногу нови случаи има во Аризона, Тексас и Калифорнија, иако има драстичен скок и во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.

Растечкиот број на позитивни случаи на коронавирусот ширум САД го принуди доктор Ентони Фаучи, шеф на Националниот Институт за алергии и инфективни заболувања, пред сенатската комисија да предупреди дека актуелната стапка на нови случаи може да се удвои на 100.000 дневно, ако не запре моменталниот тренд.

-Очигледно, засега ситуацијата е надвор од контрола, рече д-р Фаучи. Предупреди дека фокусот врз сојузните држави коишто минуваат низ најголем скок од нови случаи ја става „под ризик целата држава“.

Во време кога доктор Фаучи сведочеше на Капитол Хил, на гувернерите од Њујорк, Њу Џерси и Конектикат им се придружија уште осум сојузни држави – Калифорнија, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Луизијана, Мисисипи, Невада и Тенеси на претходната листа, чии посетители мора да бидат ставени во задолжителен 14-дневен карантин.

САД се на првото место во светот со 2.6 милиони нови случаи, вклучувајќи и 127.000 жртви. 

Многу сојузни држави започнаа да ги враќаат рестриктивните мерки. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе