Баерн и Келн одиграа изненадувачки 1:1 во 17. коло од Бундеслигата.
Гостите беа на прагот на сензационална победа, но германскиот шампион го најде спасот во Јосуа Кимих и неговиот чудесен гол на крајот од натпреварот.
Гостите поведоа со голот на Тунижанецот Елјес Схири во четвртата минута. Нему му помогна Јулиан Шабот за шок на „Алианц“ арената. Се очекуваше Баерн брзо да се врати во игра, но избраниците на Јулиан Нагелсман не успеаја да го совладаат максимално мотивираниот гостински голман Марвин Швабе.
Јосуа Кимих го постигна израмнувачкиот гол за Баерн во 90. минута. Кимих „пукаше“ од околу 30 метри и постигна вистинско ремек-дело од гол.
Водечкиот Баерн сега има 36 бода, четири повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг, кој претходно во вторникот како гостинска екипа убедливо го совлада Шалке 04 со убедливи 6:1 (4:0).