Ременски: Одлуката за обвинението е избрзана и апсурдна

Потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ременски тврди дека одлуката за обвинение против неа е избрзана и апсурдна затоа што нема никакви докази против неа.

-Во однос на одлуката на Јавното обвинителство можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение. Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на Јавното обвинителство, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, изјави Ременски.

Во таа насока, Ременски рече дека токму овој ден кога во Собранието треба да биде изгласана техничката влада, не е случајно избран.

-Факт е дека причините за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, рече Ременски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице за случајот со Меѓународниот сојуз.

Обвинети во овој случај, познат во јавноста како „Рекет 2“ се првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Фросина Ременски, асистентката во Меѓународниот сојуз Христина Блажевска и потпретседателката на сојузот Јасна Мандиќ.

Ременски кажа дека нејзините политички активности за изборите се замрзнати, но дека нема ништо против тоа што не учествува во подготовката на изборниот процес. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе