Авто новости

Renault Arkana – руска верзија направена за лоши патишта и екстремни временски услови

10. јули 2019 - 15:09 | А.С.

Од почетокот на јули годинава во Русија почна да се продава првиот купе-кросовер на Renault.

Renault Arkana засега е достапен само на рускиот пазар и тоа по цени што почнуваат од 1.014.990 рубљи или околу 14.100 евра.

За оваа цена купувачите ќе го добијат основиот пакет опрема Life и атмосферски 1,6-литарски бензинец со 114 коњски сили, а моторот е поврзан со петбрзински рачен менувач.

Во стандардната опрема се вклучени Pure Vision LED фарови, 17-инчни алуминиумски фелни, фабрички аудиосистем Radio Connect со Bluetooth конекција, клима уред...

Купците ќе можат да ја нарачаат и верзијата со 1,3-литарски TCe 150 турбобензинец кој произведува 150 коњски сили и има X-Tronic CVT менувач. Во варијанта со преден погон, оваа верзија чини околу 17.200 евра, а за опцијата со погон на сите четири тркала ќе треба да се издвојат дополнителни 1.500 евра.

Renault Arkana во Русија се продава со три нивоа на опрема  - Life, Drive, и Style – како и во ограничената серија Edition One која нуди најмногу опрема и чини 1.499.999 рубљи или околу 21.000 евра, во опција со погон на четири тркала, TCe 150 мотор и CVT менувач.

Renault Arkana се произведува во фабрика во Москва, а производителот тврди дека автомобилот е така конструиран да може да се „избори“ со послабата патна инфраструктура и екстремните временски услови и климатски услови во одредени делови на Русија.

Коментирај