Renault го претстави новиот Megane Conquest
Новиот SUV Coupé на Renault пристигнува на европскиот пазар, опремен со напредна технологија, E-TECH хибрид и со новата верзија на R.S Line која му дава уште повпечатлив и динамичен изглед на овој автомобил.
Renault Megane Conquest го придвижуваат новите хибридни мотори E-TECH Hibrid од 140 коњски сили и 1,3-литарскиот TCe 140 и TCe 160 со 12 V микрохибриден погон.
Официјалното претставување на новиот Renault Megane Conquest со сите детали ќе се одржи во првата половина на 2021 година. Треба да се напомене дека само на некои места ќе се вика Renault Megane Conquest, a во остатокот од Европа овој модел ќе го носи името Renault Arkana.