Компанијата Renault ја претстави првата специјална верзија на петтата генерација на моделот Clio.
Се работи за моделот Clio Lutecia Limited Edition кој доаѓа со нова стандардна опрема и уникатен дизајн.
Промените на екстериерот се однесуваат на нова diamond metallic црна боја на каросеријата, темни задни прозорци, украсни елементи на решетките на ладилникот и вентилациски отвори во браниците, нови 17-инчни фелни од легура и друго.
Моделот Lutecia Limited Edition e базиран на Clio S Edition кога станува збор за опремата, што значи дека купувачите добиваат клима уред, внатрешно амбиентално осветлување и 9,3-инчен екран за инфозабавен систем.
Достапен е само со еден мотор кој развива 90 коњски сили и 160 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 12,2 секунди.