Renault ја враќа легендарната „четворка“, наскоро и премиера

Најлегендарниот модел на Renault се враќа со стил.

Како што веќе беше најавено, Renault по „петката“ реши да ја оживее легендарната „четворка“. Иако многумина ја сметаа првата генерација на Kangoo како враќање на Renault 4, вистинската реинкарнација на моделот ќе се случи дури сега.

Поточно, тоа ќе се случи на 17 октомври, кога Renault на 89-тиот салон за автомобили во Париз ќе го претстави концепт моделот базиран на оригиналниот R4. 

Од Renault засега се таинствени, па само откриваат како тимот дизајнери собран под водство на Жил Видал, потпретседател на одделот за дизајн на Renault, го смислил концепт автомобилот.

Се одбележува и 25-годишнината од хуманитарното рели 4L Trophy, па се смета дека ќе им се допадне и на помладите генерации.

Објавените скици ја откриваат препознатливата силуета на „четворката“ со осветлено задно странично стакло. За разлика од оригиналот, автомобилот сега доаѓа со огромни теренски гуми и носачи на покривот. Судејќи по ова, веројатно се работи за концепт за off-road авантури.

Новиот Renault 5 ќе се појави на пазарот во 2025 година, додека кросовер-ориентираниот R4 најверојатно ќе пристигне после тоа. И додека оригиналот може да се пофали со скромни димензии и слаб, но неуништлив бензински мотор, новиот модел би можело да биде многу покомплексен и модно поосвестен автомобил. Многумина очекуваат автомобил со големина на Duster со електричен погон и релативно висока цена. И веројатно не се далеку од вистината.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе