Renault најави нов концепт на водород

Renault објави тизер од мистериозен концепт кој ќе дебитира во мај.

Претстојниот концепт е најава за „стратегија за одржлив развој“, а неговиот водороден мотор ја следи стратегијата на Renault за „декарбонизација“ и употреба на рециклирани и материјали што може да се рециклираат.

Renault објави само еден тизер кој го прикажува изгледот на предниот дел на концептот, LED светлата со агресивен дизајн, како и дополнителни светлосни единици на браникот. Нагласено е и логото на Renault. На предниот дел е прикажан новиот дизајнерски правец на францускиот бренд, кој е „диктиран“ од шефот на дизајнот Жил Видал.

Со оглед на фактот дека има само еден тизер, невозможно е со сигурност да се одреди типот на каросеријата, иако се чини дека станува збор за хечбек или SUV.

Renault претходно го покажа претстојниот Renault 5 супермини, најави тизери за 4ever SUV/LCV, а го видовме и компактниот кросовер Megane E-Tech.

Развојот на неименуваниот концепт беше фокусиран на три столба, имено екологија (напојуван од водород, одржливи материјали), безбедност (технолошки иновации) и инклузивност (разновидност на развојниот тим и пристапност).

Концептот е дел од крајната цел, а тоа е „целосно електричен микс“ до 2030 година, па постои можност да видиме и сериска верзија на концептот.

Она што е интересно е дека терминот „мотор на водород“ се однесува на мотор со внатрешно согорување кој користи водород, нешто слично на она што Toyota го прави со GR Yaris Experimental, но во исто време „комплетната електрична мешавина“ се однесува на електричните мотори.

Во наредниот период се очекуваат нови тизери.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе