Понудата на Volkswagen постојано расте, а помеѓу новите модели ќе биде и кросоверот под назив Nivus.
Се работи за кросоверот кој е развиен во Бразил и кој ќе се продава на локалниот пазар, но ќе се појави и во Европа во 2021 година каде што исто така и ќе се произведува.
Се очекува дека Nivus ќе биде претставен на пролет и дека ќе биде кросовер-купе комбинација.
Руското списание за автомобили Kolesa ги креираше рендерите на основа на претходно објавените видеа.
Nivus нема да биде поразличен од познатиот дизајнерски јазик на Volkswagen и ќе биде сличен на T-Cross.
Како ќе изгледа внатрешноста на автомобилот, засега е мистерија, но не се очекува ништо поразлично во однос на T-Cross и Polo.
Volkswagen во Јужна Америка веќе објави некои технички спецификации за Nivus, па познато е дека ќе се продава само со погон на предните тркала.
Ќе го придвижува трицилиндричен мотор со турбо полнач со 6-степен мануелен или 6-степен автоматски менувач.
Освен тоа, познато е дека 1,0-литарскиот TSI со мануелен менувач ќе развива 114 коњски сили, а во комбинација со автоматскиот менувач 126 коњски сили.