1.МФЛ 2020/21

Ренова го совлада Силекс во воведниот натпревар од 28. коло

Фудбалерите на Ренова со два убави гола го совладаа директниот конкурент за опстанок, Силекс, освојувајќи важни три бода.

Фото: ФК Ренова Џепчиште

На празниот „Градски“ стадион во Тетово домашните играчи уште во 12. минута ја најавија победата. Шефит Шефити прими една топка во гостинскиот шестнеасетник и со прецизен удар крај поблиската статива ја протна топката во мрежата на Даниел Божиновски.

Во 38. минута на 2:0 зголеми Фатјон Јусуфи кој со прекрасен шут од дваесетина метри биеше неодбранливо дуплирајќи го водството.

Силекс успеа предоцна да се врати во игра кога дури во последната минута од натпревар една одбиена топка начека Иван Галевски и погоди во домашниот гол за 2:1. Сепак, касно беше за кратовци и натпреварот заврши со домашна победа.

За Ренова ова е седма победа сезонава за вкупно 31 бод со кои го надмина Силекс кој со 15-тиот пораз остана на 29 бодови.

Останатите натпревари од ова 28. коло се на програмата утре од 13 часот, а од дуелот меѓу Работнички и Македонија ЃП директен пренос ќе врши МРТ1.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе