Шпанските научници најавија дека утре ќе откријат детали за националноста на истражувачот од 15 век Кристофер Колумбо, откако со помош на ДНК анализа решат вековна мистерија.

Форензичарите од Универзитетот во Гранада се чини дека потврдиле дека посмртните останки закопани во катедралата во Севиља му припаѓаат на познатиот морепловец кој ја открил Америка.
Откритието го потврдува и шефот на форензичкиот тим, Антонио Љоренте, во документарен филм што ќе се емитува на шпанската RTVE на 12 октомври по повод Националниот ден на Шпанија.
Иако ги информираше новинарите за истражувањето, не ги откри сите заклучоци, но рече дека се потврдени претходните теории дека посмртните останки во Севиља му припаѓаат на Колумбо.
„Денес тоа е можно да се потврди со нови технологии, така што претходната делумна теорија дека посмртните останки во Севиља му припаѓаат на Кристофер Колумбо е дефинитивно потврдена“, рече тој.
„Истражувањето за националноста беше комплицирано од голем број фактори, вклучително и многу податоци, но исходот е речиси апсолутно сигурен“, рече Љоренте.
Многу земји долго се расправаат за потеклото и последното почивалиште на Кристофер Колумбо, важна личност која ги водеше експедициите финансирани од Шпанија од 1490-тите па наваму, отворајќи го патот за европското освојување на Америка.
Многу историчари ја доведуваат во прашање традиционалната теорија дека Колумбо потекнува од Џенова, Италија. Други теории инсинуираат дека Колумбо бил шпански Евреин или Грк, а според некои, тој бил и Баскиец или Португалец.

Истражувачите предводени од форензичарот Мигел Љоренте тестирале мали примероци од посмртните останки закопани во катедралата во Севиља, која локалните власти долго време ја прикажуваат како последното почивалиште на Колумбо, иако има многу тврдења и теории.
Научниците ги анализирале посмртните останки пронајдени во катедралата во Севиља, каде, како што долго време тврдеа властите, бил погребан Колумбо. Тие ги споредија остатоците од генетскиот материјал со ДНК на неговите роднини и потомци, а нивните наоди ги објавија во документарен филм со наслов „ДНК на Колумбо: Вистинското потекло“, кој вчера беше прикажан на шпанскиот јавен сервис ТВЕ. Сите наоди го потврдија еврејското потекло на големиот морепловец кој ја откри Америка, истакнаа експертите на чело со Љоренте.
Околу 300.000 Евреи живееле во Шпанија пред католичките монарси Изабела и Фердинанд да им наредат на нив и на муслиманите да преминат во католичка вера или да ја напуштат земјата, потсети Reuters. После тоа, многу шпански Евреи се преселиле низ светот. Тим на истражувачи утврди дека е можно со сигурност да се каже дека Колумбо е роден во Западна Европа, откако анализирале 25 можни места на неговото раѓање.
Пред неколку дена форензичарите од Универзитетот во Гранада дефинитивно потврдија дека посмртните останки закопани во катедралата во Севиља му припаѓаат на Колумбо. Љоренте објасни дека за време на првите студии од 2003 до 2005 година се зборувало за можна случајност која би укажала дека коските пронајдени во катедралата му припаѓаат на Колумбо, но дека веројатноста е мала бидејќи нема доволно ДНК материјал.a