Решена мистеријата за нуклеарната бомба среде океан

Тестирањето нуклеарно оружје ретко може да помине незабележано, па така ниту експеримент кој се случил пред 40 години не може да остане заборавен. За сè се виновни радиокативни овци откриени во Австралија.

Станува збор за мистериозен настан од 1979 година, детонација на атомска бомба забележана од американски сателити. Порастот на радиоактивноста кај овци е потврда дека тоа навистина се случило, иако никој јавно не признал за нуклеарното тестирање.

Во 1979 година Сателитот Вела, дел од системот Nuclear Detonation Detection System детектирал својства карактеристични на нуклеарно оружје. Со оглед на тоа што нуклеарните бомби произведуваат два типични удари, вториот блесок е едвај забележителен за човечкото око, но не и на уредите дизајнирани за детекција, пишува Popular Mechanics.

Собраните податоци од сателитот дошле и до рацете на Џими Картер. Со оглед на тоа дека тестирањето е извршено во зафрлена област меѓу Антарктикот и јужниот врв на Јужна Америка, исклучена е можноста дека станува збор за непријателски чин. Никој не ја презел одговорноста. Картер верувал дека експлозијата била заедничка акција на Израел и Јужна Африка и нивно тестирање на нуклеарна бомба.

Во експлозијата во Индиски Океан биле користени бомби од два до три килотони. И понатаму нема потврда чии бомби биле тоа. Нова студија од 2017 година направена од Универзитетот Тенеси открива дека во тироидната жлезда на австралиски овци бил пронајден радиокативен јод 131. Метеоролошките податоци потврдуваат дека во тој период над Јужна Австралија имало радиоактивност.

Најновата студија тврди дека станува збор за нуклеарен тест на тактичко оружје, извршен од Израел. Тестирањето би можело да биде обид за развој на нивен одбранбен механизам со оглед на тоа што во 1973 година Израел едвај ги запрел нападите на арапските сили од воздух и од копно. На крај, кој и да експериментирал во овој дел од светот добро се потрудил тоа да остане тајна, но овците им го расипале планот.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе