Решена мистеријата за снимените дрвја на Марс

Додека ја фотографираше површината на Марс, вселенската сонда сними необична глетка. Научниците имаат објаснување.

Дали сега завршија шпекулациите за постоење живот на Марс? Веројатно ова се прашуваа многу корисници на интернет кога почнаа да кружат чудните фотографии направени од сондата Mars Reconnaissance од орбитата на оваа планета.

Сликите направени во близина на северниот пол на Марс покажуваат структури кои силно наликуваат на дрвја. Но, кога научниците ги испитувале фотографиите, направени во 2010 година, откриле дека се работи за оптичка илузија.

Северниот пол на Црвената планета е покриен со вечен мраз направен од замрзнат јаглерод диоксид (т.н. сув мраз), слично како што водениот мраз ги покрива половите на Земјата.

URL

Околу замрзнатиот северен пол на Марс се наоѓа „прстен“ од дини кои наликуваат на песочните дини во пустините на Земјата. Тие се покриени со тенок слој прашина и делови од сув мраз, пишува Space.com. Како што сувиот мраз почнува да се топи во потопли услови, тој го турка темниот базалтен песок на површината на дините.

„Во текот на пролетта на Марс, Сонцето го загрева мразот и предизвикува негово сублимирање директно во пареа, а добиениот гас ги отстранува околните честички од прашина и песок и го изложува темниот базалтен песок“, објасни Кенди Хансен, членка на орбитерот Mars Reconnaissance на НАСА, тим од Универзитетот во Аризона.

Иако овие темни „линии“ нѐ потсетуваат на дрвја, во реалноста тие не се исправени, односно не се „вират“ во воздухот, туку се на земја.

Само нашиот мозок ги толкува на тој начин, бидејќи навистина наликуваат на фотографии од дрвја како што ги знаеме на Земјата.

Што се однесува до дрвјата или друг вид на живот на Марс, до денес нема цврсти докази за било каков тип на марсовска биологија, во минатото или во сегашноста, растение или нешто друго, пишува Space.com.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Вести

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Read more

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Read more

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Read more

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе

Google воведува AI режим: Пребарувањето би можело да изгледа како разговор со експерт

Читај повеќе

Huawei го претстави супертенкиот лаптоп MateBook Fold

Читај повеќе