Живот

Решена уште една мистерија под урнатините на Помпеја

26. април 2018 - 9:31 | А.С.

За време на реставрирањето на древна термална бања во урнатините на Помпеја беше најден скелет на дете што настрадало за време на легендарната ерупција на вулканот Везув во 79 година.

Директорот на локалитетот Помпеја Масимо Осана соопшти дека е решена мистеријата околу скелетот што беше најден во февруари за време на зафати за реставрирање и зајакнување на најголемата термална бања во археолошкиот локалитет.

Најверојатно се работи за дете на седум или осум години, а по завршувањето на ДНК анализите ќе се знае и полот на детето.

Осана рече дека за време на ископувањата во 19. век археолозите го нашле скелетот на детето и од непознати причини го оставиле таму, со уредно подредени коски.

Експертите сметаат дека детето починало од вдишување вулкански гасови.

Коментирај