Решение за Гоце Делчев до октомври, Бугарија нема да блокира

Скопје, 2 август 2019 (МИА) – Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања да најде решение за прашањето за Гоце Делчев до октомври, порачаа вчера во Скопје бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот домаќин премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата.

-Комисиите мора да постигнат компромис до октомври. Не треба да се пречекори октомври. Комисиите мора секојдневно да работат, рече Борисов запрашан што доколку не се постигне решение до октомври месец кога ЕУ треба да се наврати на одлуката за датум за преговори за нашата земја.

Тој беше дециден дека од тоа зависи и одлуката на Владата во Софија, но и дека посакуваат да избегнат вакво сценарио по секоја цена.

-Тоа прашање мора да се реши. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорено меѓу комисиите, тогаш ние во Бугарија ќе решаваме што треба да се прави. Ова сценарио сакаме да го одбегнеме по секоја цена, изјави Борисов на новинарско прашање во врска со неговата изјава дека „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин“.

Прашан, пак, дали  Бугарија би можела да го постави прашањето за членството на РСМ во ЕУ, тој исклучи таква можност.

-Не би сакал ни да помислам дека може да дојде до такво прашање, јас да кренам рака против РСМ тоа е недопустливо. Ние да допуштиме да биде блокирана Македонија во никој случај не размислувам и нема да дозволам. Во последните две децении ништо се немаше придвижено напред. Ако го гледаме само нашиот бугарскиот интерес, немаше да се заложиме за РСМ во НАТО и во ЕУ, рече Борисов.

Според него, Бугарија на никаков начин не се меша во работите на Северна Македонија ниту ја загрозува, туку, вели, во изминатите две години направила се за нашата земја да се најде во фокусот.

-Наш заеднички интерес е да бидете во НАТО. Нашите херои го дале животот за да добиеме придобивки за својот народ. Ништо против ние немаме. Инаку ќе бидам обвинет дека сум ја предал историјата на Бугарија. Јас имам лимит што можам да си го дозволам, знам дека по секоја цена комисиите треба да донесат решение што ќе биде за перспектива на младите, подвлече уште еднаш бугарскиот премиер.

Премиерот Заев потврди дека се согласиле заеднички за охрабрување на комисиите да ја завршат работата до октомври.

-Заклучивме да ги охрабриме комисиите и на ова прашање на чесен начин да изнајдат решението. Нашиот интерес и приоритет е да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. До денеска 21 земја го има ратификувано Протоколот за НАТО, рече Заев.

Според него, Гоце Делчев е личност која ги поврзува двете земји и двата народа. Продолжуваме, рече, да градиме пријателство, добрососедство и соработка зашто тоа им го должиме на сите идни генерации.

Борисов кој престојуваше во официјална посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот за добросоедство, пријателство и соработка, на заедничката прес-конференција со Заев се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци“.

– Извинете, моја грешка е што реков северномакедонци. Граѓани на Република Северна Македонија, простете, но јас тоа го кажав несакајќи, а тоа беше претставено како да сакам некого да убијам!, рече Борисов.

По прес-конференцијата, Заев и Борисов, заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата. Двајцата премиери подоцна заминаа во Дојран каде заеднички положија цвеќе и на обновениот споменик на полковник Константин Каварналиев.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе