Реставриран најстариот Bentley T-Series во светот

Иако со децении беше оставен да „гние“ во складиште, Bentley T-Series сега е вратен во живот благодарение на целосната реставрација, така што блеска како некогаш.

Тоа е најстарата копија на моделот на Bentley T-Series, произведен во 1965 година. Првично беше користен за тест возења и беше прикажан на новинарите на салонот во Париз таа година, по што ја напушти компанијата и „исчезна“, за да биде пронајден 59 години подоцна.

Откако било утврдено дека тоа е првиот и најстариот „жив“ примерок на моделот Bentley од T-Series, следела детална реставрација со цел автомобилот да се зачува во што е можно пооригинална состојба. Недостасувале некои важни делови како што се контролната табла и внатрешните облоги, а имало проблеми со корозија поради лошо извршените поправки по судир. Сепак, неговиот 6,23-литарски V8 мотор, кој испорачува 228 КС, бил во изненадувачки добра состојба, но му требало сервисирање. Истото важи и за менувачот, кој барал само „мали прилагодувања“, како и задната оска, на која ѝ биле потребни нови заптивки.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Со оглед на фактот дека тешко се доаѓа до резервни делови, тимот за реставрација на Bentley нашол автомобил донор. На овој начин, реставрираниот Bentley ги доби деловите што му недостигаа, а било заменето и кородираното задно крило, освежена хидропневматската контрола на возењето и поставена контролната табла.

Каросеријата е целосно лакирана и механички полирана.

Сега Bentley T-Series е вратен во состојба од 1965 година, поради што може да понуди фабрички перформанси кога станува збор за брзината. Автомобилот забрзуваше од 0 до 100 км/ч за 10,9 секунди и достигнуваше максимална брзина од 185 км/ч.

Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Авто новости

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Read more
 

Автомобили

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Читај повеќе

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Читај повеќе

Kia: Немаме друг избор

Читај повеќе
  • play_arrow

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Читај повеќе

Зошто Stellantis ќе нуди подолга гаранција?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Xiaomi е најбрз „на струја“: Го сруши рекордот на Rimac Nevera во Нирбургринг

Читај повеќе

Дали знаете да ја користите модерната технологија во вашиот автомобил?

Читај повеќе

Toyota пресмета: Еден електричен автомобил загадува колку три хибридни

Читај повеќе

Дизелашите „на старо“ се повредни од кога било

Читај повеќе