Officine Fioravanti (Офичине Фјораванти) конечно му даде достојна изведба на својот рестомод Ferrari Testarossa, откако првично минатата година го најави доаѓањето на автомобилот.

Надворешноста не изгледа премногу различно, но механичките промени му носат на суперавтомобилот дополнителни 107 КС во однос на оригиналот, а исто така е полесен за 130 килограми.
4,9-литарскиот V12 мотор на Ferrari сè уште е тука, но клиповите и брегастите вратила се променети, додека оригиналниот механички систем за вбризгување гориво е заменет со нов електронски систем. „Црвената линија“ сега е на 9.000 вртежи во минута наместо оригиналните 6.700 вртежи во минута.

Кога возачот сака да ја почувствува разликата помеѓу оригиналната моќност и подобрувањето, доволно е да го притиснете копчето на централната конзола. Во едната позиција на копчето моторот испорачува „стандардни“ 385 КС, а во другата цели 492 КС. Се проценува дека максималната брзина сега е 320 km/h во споредба со 291 km/h за фабричката верзија.

На рестомодот Testarossa му се дадени различни компоненти кои го тераат да се однесува како модерен суперавтомобил. Има Ohlins прилагодливи амортизери со четири режими на прилагодување, како и нови стабилизатори. Воланот сега нуди само две вртења од заклучување до заклучување.

Две копчиња на централната конзола овозможуваат да се промени режимот на возење, а тоа се Wet, Normal, Sport и Race.
Надворешноста претрпе неколку промени, а меѓу нив се и pop-up светла во LED технологија. Наместо 16-инчните тркала на Testarossa, сега има тркала од 17 инчи напред и 18-инчни назад.

Внатрешноста е обложена со светло-кафеава кожа, а седиштата и панелите на вратите имаат перфорирана кожа. Сите оригинални пластични компоненти на контролната табла, централната конзола и вратите сега се алуминиумски.

Дел од автомобилот е телефон од старата школа сместен од страната на централната конзола, кој поддржува Bluetooth.
