Рестриктивни диети – уште еден негативен аспект на социјалните медиуми

Ева Санкар имаше само 18 години кога на нејзиниот TikTok почнаа да се појавуваат информации за начини на слабеење. Од ведро небо била информирана за најдобрите рецепти за слабеење и одржување на вита линија.

TikTok набрзо ја поттикна нејзината нездрава и опсесивна врска со храната, што ѝ уништи речиси две години од животот.

„Видеата на TikTok што ги гледав беа рецепти за нарушувања во исхраната - начини за брзо слабеење“, вели Ева. „Постојаното прелистување на такви содржини навистина ме оптоваруваше, искрено. Бев изложена на тоа секој ден.“

Таа истакна дека тоа ќе доведе до уште поштетна содржина преку нејзиниот профил. Ева дури тврди дека често гледала видеа на кои некој покажува здрави луѓе со просечна тежина и ги критикува дека треба да бидат послаби.

Откако ја изгубила контролата врз содржината што ја следи, Ева посегнала по нешто што можела да го контролира: нејзината исхрана. Броела калории во секој оброк и ја мерела храната што ја јаде. Водела и табела со сè што јадела.

„Ги броев калориите до тој степен што тоа влијаеше на мојот живот бидејќи не можев да јадам оброк без да ги собирам калориите во глава“, вели Ева.

Откако ја избриша апликацијата минатата година, Ева се чувствува многу посреќна и посигурна.

„Помалку се ограничувам во животот бидејќи не е сè до храната“, вели таа. „Во ред е да одам во ресторан и да јадам оброк со моите пријатели и обожавам да го правам тоа.“

Една неодамнешна студија која ја испитува употребата на социјалните медиуми кај речиси 1.000 адолесценти покажа дека скоро 52 отсто од девојчињата и 45 отсто од момчињата имаат нарушување во исхраната.

Студијата, исто така, откри врска помеѓу нарушувањата во исхраната и бројот на профили на социјалните медиуми што ги има еден адолесцент.

TikTok има млада публика, со 60 проценти од корисниците на возраст од 16 до 24 години. Достапен е во 150 земји и има милијарда корисници ширум светот, а неговиот раст во последните години значи дека неговиот број на корисници ги надмина Snapchat и Twitter и брзо го фаќа чекорот со Instagram.

Д-р Рејчел Еванс, психолог специјализирана за нарушувања во исхраната, вели дека социјалните медиуми негативно влијаеле на речиси сите нејзини клиенти бидејќи придонеле за развојот на нивната состојба или го попречиле нивното закрепнување.

Сепак, според минатогодишното истражување, околу 69 отсто од луѓето со нарушување во исхраната чувствуваат дека нивниот општ лекар не разбира како да им помогне. Последиците од несоодветната грижа и поддршка можат да бидат катастрофални, особено за децата, пишува The Independent.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе