Кралот Џорџ VI, кралицата Елизабета (неговата жена), кралицата Марија (мајката на кралот) и принцезата Елизабета (идна Елизабета II) позираат со модел на бродот „HMS Sovereign of the Seas“ на отворањето на Националниот поморски музеј во Гринич, Лондон во 1937 година.
2 јуни 1953: на свои 27 години кралицата Елизабета II е крунисана од надбискупот во Вестминстерската опатија во Лондон.
1970: Кралицата Елизабета II присуствува на владина церемонија во Винипег, Манитоба во Канада. Канада дури во 1982 година стекна независност од Обединетото Кралство. На врвот на Британската Империја се проценува дека секој четврти човек на планетава бил Британец. За време на владеењето на Елизабета II британските територии од 70 на број се намалиле на само 16 земји.
9 јули 1965: Кралицата Елизабета II седи во автомобилот крај својот сопруг принцот Филип, војводата од Единбург, на пат за Хајам Ферерс во близина на Нортемптон.
1979: Кралицата Елизабета II заедно со Иса бин Салман Ал-Калифа, регент на Бахреин, за време на посетата на таа земја. Станала првата жена шеф на држава која го посетила Бахреин - една од шесте дестинации на нејзината турнеја низ Арапскиот Полуостров.
7 јули 1976: Тогашниот претседател на САД, Џералд Форд, држи говор пред Белата куќа во Вашингтон во присуство на кралицата Елизабета II. Претседателот и првата дама приредиле вечера во чест на кралицата и принцот Филип, чија посета била дел од прославата на 200-годишнината од Американската револуција.
Кралицата Елизабета II се обраќа пред членовите на Домот на лордовите на отворањето на британскиот парламент во 60-тите. Кралицата го отворала парламентот секоја година за време на своето владеење, освен во 1959 и 1963 поради бременост, како и во 2022 поради физичките ограничувања.
17 декември 1953: Кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг Филип се симнуваат од дрвена јахта во градот Сува на островите Фиџи, тогашна британска колонија во Тихиот Океан, набрзо по крунисувањето.
1984: Кралицата Елизабета II на коњ на годишната воена парада Trooping the Color. Зад неа се нејзиони син принцот Чарлс (лево) и нејзиниот сопруг принцот Филип (десно). Сите јавачи носат униформи на Велшката гарда, а машките носат и шешири од мечкина кожа.
1965: Кралицата Елизабета II после погребот на поранешниот премиер Винстон Черчил.
На крајот од 70-тите Кралицата Елизабета II сама се вози на неделната служба. Иако никогаш не добила возачка дозвола, кралицата често уживала возејќи. Научила да вози кога била механичар во помошната територијална служба - женски оддел на британската војска за време на Втората светска војна. Кралицата била првата жена од кралското семејство која служела војска.
1 јули 1969: Членови на крајското семејство на церемонијата во чест на принцот Чарлс во Гвинеда, Велс.
1951: Принцезата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип положуваат цвеќе на Гробот на непознатите на националните гробишта Арлингтон во Вашингтон, САД.
1963: Кралицата Елизабета II и принцот Филип го напуштаат замокот Карнавон во Гвинеда, Велс.
19 октомври 1957: Кралицата Елизабета II прима сувенири од натпреварот во америакнски фудбал Мериленд против Северна Каролина на стадионот „Берд“ во Колеџ Парк, Мериленд во САД. Кралицата посебно побарала да може да гледа натпревар во американски фудбал за време на својата посета на САД.
1979: Кралицата Елизабета II со принцот Филип и принцот Чарлс во Виндзор, Англија.
1979: Кралицата Елизабета II разговара со јавачи на Кралската изложба на коњи во Виндзор, годишно коњичко натпреварување во Виндзор Хоум Парк.
1979: Кралското семејство собрано на балкон од Бакингемската палата во завршницата на филмот Trooping the Color во чест на роденденот на кралицата Елизабета II. Кралицата, принцот Филип и принцот Чарлс носат униформа на Велшката гарда и нивни кралски медали. Со нив на балконот се кралицата мајка, принцот Вилијам во рацете на татко му Чарлс, принцезата Марегарет (сестра на кралицата), принцот Ендрју, принцот Мајкл од Кент и принцезата Дијана.
Како дел од церемонијата на подвезиците, новите витези се воведуваат во редот на службата во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор. Откако церемонијата станала сѐ почеста во XVII век, традицијата се прекинала во 1805 година. Се одржува една годишно откако во 1948 година повторно ја вовел кралот Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II.
реклама
Ретки фотографии од животот на кралицата Елизабета II
Од древни церемонии до натпревар во американски фудбал, овие ретко или никогаш објавени фотографии од фотографите на National Geographic го овековечиле животот на кралицата Елизабета II.