Ретки историски фотографии кои нудат поинаква перспектива во минатото
Една фотографија, илјада зборови, веројатно сте чуле за ова. Нема ништо поверодостојно од вистински фотографии кои документираат настани од минатото.
Оваа галерија на Bored Panda ќе ве врати во минатото со ефект на временска машина, па ќе имате можност да погледнете различни моменти во различни периоди. Така, на една фотографија се доловени 9 европски кралеви, германски војник кој му помага на дете да премине преку новиот Берлински ѕид во 1961 година, полицаец во Сан Франциско како носи маска за време на пандемијата во 1918 година, принцезата Дијана без ракавици се поздравува со пациент заболен од Сида, еврејски заробеници ослободени од Возот на смртта во 1945 година, српски војник како спие до татко му кој дошол да го посети на фронт во 1914/15 година, војници кои се вратиле од фронтот во 1945 година и други трогателни и незаборавни моменти.