Чек дис аут

Ретривер со повредено око сам отишол на ветеринар

12. јануари 2018 - 15:44 | А.С.

Златен ретривер во Бангкок со повредено око сам се појавил пред вратата на ветеринарната клиника каде му била укажана помош.

Кучето со раскрвавено лево око застанало пред ветеринарната станица и гребело со шепите по влезната врата. Му отворила докторката Сирамани Вонгпитајадис која му го исчистила окото, му го зашила распараниот капак и му ставила заштитен околувратник за да не може да ја чеша раната додека заздравува.

Таа му дала име Ден, што е тајланска кратенка за расата златен ретривер,

Докторката е сигурна дека ова воспитано куче сигурно било нечие милениче, но немало чип или ремче по кои би можеле да го најдат сопственикот.

Таа со денови го возела кучето на нејзиниот мотор низ населбата, но никој не го препознал.

Била упорна и потоа ставила фотографии од ретриверот на Фејсбук страницата на ветеринарната клиника и така го нашла сопственикот.

Тој рекол дека „Ден“ побегнал низ влезната врата и најверојатно во тој бурен момент го повредил окото.

Коментирај