Автомобилскиот гигант од Волфсбург мудро процени дека му треба помал модел, за кој ќе може да ја користи формата на моделот Volkswagen New Beetle.
Третата генерација на Volkswagen Beetle (New Beetle) ќе биде електрична верзија на Volkswagen ID.3, долга 410 см. На тој начин ќе се добие автомобил со карактеристичниот носталгичен изглед и домет од 550 километри со едно полнење.
Volkswagen ID.Beetle со должина од 410 см ќе биде за 18 см пократок од последниот модел „Буба“ што користеше мотор со внатрешно согорување, така што ќе се позиционира под Volkswagen ID.3 (425 см) и ќе има само две врати.
Литиум-јонските батерии се вградени во подот, како во скејтборд, а ќе бидат достапни во неколку големини (капацитети), со WLTP домет од 330 до 550 км. Максималната брзина што ќе може да ја достигне ќе биде 160 км/ч.
Volkswagen ID.Beetle можно е да стигне на пазарот следната есен.
А како ќе изгледа електричната „Буба“ покажуваат овие рендери објавени на автомобилскиот сајт motor1.com.