Ретро: Најдобрите видео игри за PlayStation 2

Sony PlayStation 2 е најпродаваната конзола на сите времиња која на цела една генерација им одзема толку многу време со заразните игри, но им подари двојно повеќе среќа. За да ве потсетиме на PS 2, ги одбравме најдобрите игри за оваа конзола кои нема да ги рангираме, туку само ќе ги наброиме без одреден редослед.

Критериумите кои стојат зад оваа листа се тотално субјективни, но секако дека за конечниот избор беа пресудни неколку фактори. Најпрво, колку беше забавна самата игра. Второ, дали играта можеше да се игра одново и одново. И последно, но не помалку важно, колку играта беше популарна во екот на нејзината популарност.

Grand Theft Auto: Vice City

Сите горенаведени фактори целосно ја опишуваат GTA: Vice City. Таа е една од најзаразните игри на сите времиња, а и една од најпопуларните, која имавме можност да ја играме благодарение на студиото Rockstar Games. Нејзиниот наследник GTA: San Andreas само ја надополни мапата и ја прошири играта на ново скалило, но имаше многу непотребен „багаж“ со неа и тоа на моменти ја правеше напорна за играње. Од друга страна, GTA: Vice City останува совршена игра. Плус, ТОЈ саундтрак.

Shadow of the Colossus

Ретко која игра успеа да направи толку многу со толку малку. Shadow of the Colossus ја доловува вистинската суштина на видео игрите: чиста забава. Нема непотребни работи во неа, туку имате многу едноставна задача која треба да ја направите – да убивате огромни чудовишта. Како што реков, чиста забава.

Final Fantasy XII

Излишно е да се трошат зборови за Final Fantasy XII. Едноставно е: Final Fantasy е помеѓу најдобрите серијали на видео игри на сите времиња, а Final Fantasy XII е најдобрата од нив. Случајот е затворен.

Pro Evolution Soccer 6

Совршената фудбалска игра за PlayStation 2. Konami како да ги имаше собрано сите добри аспекти од претходните фудбалски игри и да погледна во иднината кога ја креираше Pro Evoluiton Soccer 6. Феноменалниот гејмплеј надополнет со едноставното, но допадливо мени беше рецептот за успех на (веројатно) најдобрата игра од овој серијал. PES одамна не е на врвот на фудбалските игри, но сите од таа генерација ќе ја памтат 6-ката како активност околу која изгубија многу време, но и нерви. Ах, тој шут на Адријано додека беше во Интер.

Gran Turismo 4

Всушност, Gran Turismo 3 е играта која луѓето најчесто ја поврзуваат со PlayStation 2, но Gran Turismo 4 беше подобар производ и понуди многу повеќе од нејзиниот претходник. Со оваа игра беше достигнат и врвот на популарноста на овој серијал, а во наредните години почна само да опаѓа до она на што е дојдена денес.

Tony Hawk Pro Skater 3

Првите две игри од овој серијал имаа одличен саундтрак, но не беа толку забавни за играње. Затоа третото продолжение на Tony Hawk Pro Skater беше полн погодок. Таа успеа целосно да го погоди искуството да се биде скејтер и нудеше само забава. Одлични времиња.

Bully

Уште една игра на Rockstar Games се најде на листата. Можеби не беше толку глобално успешна како Vice City, но контроверзната приказна која ја носеше ја стави на листата на игри кои секој тинејџер сака да ги игра. Во неа се работеше за школски силеџии кои малтретираа деца од нивното училиште. Да, чувствителна тема која веројатно во 2018 година не би била обработувана. Но Bully е проклето добра игра.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе