Ретроспектива на филмски остварувања на Петра Пан продукција во Кинотеката во Скопје

Од 24 до 28 ноември во Кинотеката во Скопје ќе се одржи „Ретроспектива на филмски остварувања“ на Петра Пан продукција. На филмската програма се седум остварувања со различни содржини и нијанси на документарниот жанр.

Ретроспективата се одржува во рамките на проектот „Месец на европски филм“, што се реализира од мрежата на кина „Еуропа синемас“ и има за цел во 70 различни европски градови преку различни европски филмови да презентира специјални програми, настани и филмски ретроспективи.

Ретроспективата на Петра Пан продукција ќе биде отворена на 24 ноември (петок), во 18 часот, со проекција на документарниот филм „Бабичките на револуцијата“ (Словенија/Куба, 2006, 96 мин., колор, СД-видео) со сценарио на Бранд Ферро и Петра Селишкар во режија на Петра Селишкар. Филмот претставува интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Тоа ги натерало Петра Селишкар и Бранд Ферро да го направат овој документарен филм, кој ги однесе во Словенија, Македонија и Куба, од каде што потекнуваат нивните баби и дедовци. Филмот е полн со емотивни и комични елементи и нè воведува во верувањата во три различни идеологии.

Истата вечер во терминот од 20 часот ќе следува проекција на филмот „Тело“ (документарен филм, Словенија/Македонија/Хрватска, 2023, 92 мин., колор), трогателна долгометражна приказна на режисерката Петра Селишкар која опфаќа две децении од чудесниот живот на Уршка Ристиќ, блиска пријателка на режисерката Селишкар, додека се бори со ретки автоимуни болести. На проекцијата ќе присуствува Митко Филев, еден од протагонистите во филмот, кој ќе одговара на прашањата од публиката по проекцијата.

На 25 ноември (сабота), во 18 часот, ќе биде прикажан филмот „Се прашувам кога ќе ти недостигам“ (игран филм, Италија/Словенија, 2019, 90 мин., колор) во режија на Франческо Феи со сценарио на Кјара Барѕини, Франческо Феи, Лука Инфашели. Станува збор за драмедија, бајка која се занимава со клучни теми, како што се тинејџерската нелагодност, важноста на волјата и моќта на сонот, а раскажана со реализам и поезија.

Во терминот од 20 часот, на 25 ноември ќе биде прикажан музичкиот документарец „Мојот превртен свет“ (документарен филм, Словенија/Македонија/Хрватска, 2016, 74 мин., колор) со сценарио и режија на Петра Селишкар. Филмот ја раскажува животната приказна на еден сестран словенечки уметник со сериозно оштетување на мозокот, наречено разум.

Ретроспективата ќе продолжи на 27 ноември (понеделник), во 20 часот, со проекција на филмот „Денови на лудило“ (документарен филм, Хрватска/Словенија, 2018, 73 мин., колор) со сценарио и режија на Дамиан Ненадиќ. Преку партиципативниот метод на снимање филм, приказната нè води низ деинституционализацијата и социјализацијата на ментално болните лица.

Последната вечер на ретроспективата, на 28 ноември, е посветена на бендот и пријателите на култниот скопски состав „Бернајс пропаганда“ и ќе донесе две филмски остварувања.

Во терминот од 18 часот е проекцијата на „Мама Европа“ (документарен филм, Словенија/Македонија/Хрватска, 2013, 90 мин., колор) со сценарио на Петра Селишкар и Терра Ферро Селишкар во режија на Петра Селишкар. „Мама Европа“ е приказна за Европа видена низ очите на шестгодишната Терра. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и мајка со словенечки корени, малата Тера многу бргу учи што е тоа граница.

Во 20 часот ќе биде прикажан музичкиот документарец „Ако никој не свири“ (документарен филм, Македонија, 2010 г., колор, 54 мин., СД-видео) со сценарио и режија на Ѓорѓи Јаневски, кој ќе биде присутен на проекцијата и ќе одговара на прашањата од публиката. Филмот одблиску ги следи почетоците на бендот „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Култура

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Read more

Недела на полски филмови во Кинотека со 5 филма на Сколимовски

Read more

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Read more

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more
 

Вести

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Читај повеќе

ЕУ се договори како ќе ја регулира вештачката интелигенција

Читај повеќе

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Читај повеќе
  • filter

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Читај повеќе

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Читај повеќе