Возраста и повредите се работи кои се надвор од наша контрола кои можат да играат улога во здравјето на зглобовите.

Сепак, она на што можеме да влијаеме е – исхраната.
„Исхраната може да игра значајна улога во подобрувањето на здравјето на зглобовите. Многу од моите пациенти забележале значително подобрување во воспалението откако смениле некои навики и почнале да се хранат поздраво“, вели ревматологот Џејмс Топилов.
Како што објаснува д-р Топилов, вишокот килограми дополнително ги напрега зглобовите, зголемувајќи го ризикот од болка и оштетување. Тој смета дека затоа е важно да се внимава на првиот оброк во денот.
Појадок богат со омега-3 масни киселини, антиоксиданси и влакна помага во намалување на воспалението и го поддржува здравјето на 'рскавицата, истакнува тој.
Една студија од 2019 година на речиси 1.500 пациенти со ревматоиден артритис покажа дека оние кои земале додатоци на масти омега-3 пријавиле помалку болки во зглобовите и оток.

Друга студија, објавена во 2020 година, покажа дека омега-3 масните киселини може да помогнат да се спречи или намали ризикот од развој на артритис и да помогне во лекувањето на ревматоидниот артритис.
Зрнестото овошје е одличен извор на влакна, кои можат да помогнат во намалување на воспалението, што може да ја забави прогресијата на ревматоидниот артритис. Покрај тоа, грчкиот јогурт е богат со калциум, кој помага во зајакнувањето на коските и 'рскавицата, кои се клучни за здрави зглобови.
Д-р Топилов препорачува и антиинфламаторни смути пијалаци со спанаќ, банана, бадемово млеко, куркума, ѓумбир и протеин во прав. Можете исто така да јадете овесна каша или тост леб од цело зрно со авокадо, чаден лосос и чери домати.
Ако преферирате овошје, комбинацијата од папаја, манго, ананас, кокосови снегулки и мед е исто така одлична за намалување на болките и вкочанетоста во зглобовите.