УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Револтираниот Ван Дајк откри што направил судијата по мечот: Неговиот потег кажува многу

Холандските фудбалери беа револтирани од арбитражата по натпреварот против Англија на кој останаа без финалето на Европското првенство, а особено беа лути на пеналот досуден во раната фаза од натпреварот.

Синоќа Англичаните по пресврт ги совладаа Холанѓаните со 2:1. „Оранје“ поведоа во раната фаза од играта, но Хари Кејн многу брзо одговори со гол од белата точка.

Токму овој пенал беше клучната причина за протестот на Холанѓаните. Кејн шутираше од волеј, топката помина над голот, но по упатениот удар беше погоден од невнимателниот Дензел Думфрис со отворен ѓон.

Иако судијата Феликс Цвајер на почетокот не досуди пенал, по интервенција од ВАР ја смени одлуката и поради невнимание му додели жолт картон на Думфрис. Кејн беше сигурен од белата точка.

Репрезентацијата на Холандија по натпреварот не се согласи со одлуката на Цвајер. Капитенот Вирхил ван Дијк ја откри реакцијата на германскиот судија по последниот свиреж.

Ван Дајк откри дека судијата веднаш „избегал“ во соблекувалната, без да се ракува со играчите, што е навистина редок случај во светот на фудбалот.

„Судијата истрча во соблекувалната веднаш по крајот на натпреварот и не се ракуваше со играчите. Мислам дека тоа кажува многу“, откри бесниот Ван Дајк.

Во исто време селекторот на Холандија, Роналд Куман, разочарано изјави дека ВАР го уништува фудбалот.

„Тоа не беше пенал. Единствената желба на Думфрис беше да го блокира ударот, а потоа Кејн шутна и нивните стапала се судрија. Фудбалот е уништен од ваквите одлуки на ВАР. Овој пенал немаше да биде досуден во Англија“, рече Куман.

Remote video URL

За потсетување, Англија в недела во финалето на Европското првенство ќе игра против Шпанија. Дуелот во Берлин почнува во 21 часот.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Фудбал

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Read more

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Read more

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Read more

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Read more
 

Спорт

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе

Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Читај повеќе
  • play_arrow

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид на удар за ѓубрето што го оставија на стадионот на Атлетико

Читај повеќе