Филм & ТВ

Режисерите кои беа отпуштени од „Star Wars“ конечно ги открија причините поради отказот

20. ноември 2017 - 14:00 | К.З.

Режисерското дуо составено од Фил Лорд и Крис Милер, кои беа прерано отпуштени од режисерското столче на новиот филм од франшизата „Star Wars“, засега насловен како „Han Solo: A Star Wars Story“.

Дуото се обрати за првпат по отпуштањето на панел-дискусија во Лос Анџелес, која беше организирана по повод нивната нова анимирана серија, „Clone High“.

Лорд и Милер дадоа џентлменски одговор кој ја зачува гордоста на двете страни, но во исто време даде и доволно детали околу прекинот на соработката помеѓу нив двајца и студиото на „Star Wars“ во Disney.

„Снимањето, додека траеше, беше прекрасно искуство. Имавме многу талентирани луѓе кои работеа со нас. Што се однесува до прекинот на соработката, можам да кажам само дека сите влеговме со најдобри намери во овој проект, но нашиот пристап кон филмот и самата наша идеја беше различна од онаа на студиото. Најпрво мислевме дека тоа нема да претставува голем проблем, но дистанцата помеѓу нашите размислувања беше преголема“, изјави Фил Лорд.

Режисерското дуо има големи планови за во иднина, бидејќи во моментов покрај анимираната серија, тие го спремаат и второто продолжение на „The LEGO Movie“.

„Откако имавме доволно време за одмор, сега повторно се враќаме на работа. Немаме лоши чувства ниту за Disney, ниту за ниту еден вработен во студиото“, додаде Милер.

Коментирај