Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот.

Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за The New Zealand Herald открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.

Таа кажува дека „Пред дождот“ прв пат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски.

Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија.

Remote video URL

„Постои филм што се вика 'Пред дождот' и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.

Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

„'Пред дождот' ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на The New York Times, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотото на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-ина јазици во светските медиуми.

Во Јужна Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.

„Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

МК сцена

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Read more

EXIT потврди дека доаѓа во Македонија

Read more

Најубавите цитати на Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

5 октомври 2007, последниот концерт на Тоше

Read more
 

Сцена

  • filter

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Читај повеќе

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Читај повеќе

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Читај повеќе
  • filter

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Читај повеќе

Темна теорија го открива идентитетот на убиецот во Scream 7

Читај повеќе

Netflix ќе го купи Warner Bros. Discovery?

Читај повеќе
  • play_arrow

10 предлози за страшни хорори за Ноќта на вештерките

Читај повеќе