Последната, трета епизода од серијата he Last of Us на HBO предизвика многу реакции поради пресвртот во приказната за Бил и Френк, односно фактот дека двата лика од популарната видеоигра во серијата се геј пар.

Епизодата во која фокусот од Џоел и Ели се префрли на Бил и Френк, голем дел од публиката ја прогласи за можеби најдобра досега, а на некои не им се допадна променетото сценарио.
Иако луѓето кои ги играле игрите The Last of Us веќе знаеја за геј љубовната приказна на Бил, ТВ-адаптацијата на серијата видеоигри привлекува поширока публика која не мора задолжително да е запознаена со сите овие ликови и приказни. Како резултат на тоа, режисерот на третата епизода, Питер Хоар,искористи тоа како предност за да ја раскаже приказната за Бил и Френк.
Хоар објасни како ги „намамил“ гледачите да ја гледаат геј романсата на двата лика и се фокусирал на нивната приказна.
„Понекогаш треба на некој начин да го намамите остатокот од светот да погледна ваква приказна пред да речат: ‘Ох, па се работи за двајца мажи, само што сфатив’. Мислам дека така ќе сфатат дека тоа е реално, дека љубовта е иста“, рече Хоар во врска со геј романсата.
„Бил е комплициран. Дефинитивно би рекол дека Бил не остава впечаток дека е геј маж. Тоа не е така бинарно. Тој е човек кој никогаш навистина не се открил себеси. Живеел во свет на недоверба. Живеел со мајка си, таа потоа умрела, а тој ја добил куќата. Се повлекол од општеството. Тој никогаш немаше природно да открие во кого треба да се заљуби или кого смета за привлечен додека не дојде Френк“, објасни Хоар во интервју за Inverse.