Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

Скопје, 4 април 2021 (МИА) – Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира резиденција за книжевни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

Конкурсот за пријавување е отворен до 30 април 2021 година.

„Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија.

Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој на литературните преведувачи.

Од „Готен“ посочуваат дека во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачите ќе имаат можност да работат на книжевен превод, одблиску да го запознаат оригиналниот јазик, да продолжат да го истражуваат, како и да ја зголемат својата видливост преку поврзување со локалната литературна сцена и претставување на својата активност пред публиката.

Во рамки на програмата можат да се пријават литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

За време на резиденцијалниот престој, од преведувачите се очекува интензивно да работат на литературниот превод со кој аплицирале за програмата, да учествуваат во настаните или активностите на организацијата што ја организира резиденцијата и да соработуваат со колегите од книжевната сцена.

Издавачката куќа „Готен“ нуди бесплатно сместување, покривање на патните трошоци и месечна стипендија за покривање на трошоците за живот во висина од 800 евра (бруто износ).

Апликациите за резиденциите кои ќе се реализираат во периодот меѓу мај и декември 2021 година треба да бидат испратени најдоцна до 30 април 2021 година. Апликациите за резиденциите во Скопје се праќаат на следната електронска адреса: contact@gotenpublishing.com.

Кандидатите треба да испратат писмо на интерес во кое се објаснети причините за нивното конкурирање за резиденцијата (не подолго од 1 страница), опис на книжевниот превод на кој ќе работат (не подолг од 1 страница) и CV.

Апликациите можат да бидат напишани на англиски и македонски јазик.

Управниот одбор на проектот „Превод во движење“ ќе изврши избор од пристигнатите апликации, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 15 мај 2021 година.

За Скопје во 2021 година се планирани 2 резиденции, а за 2022 година 3 резиденции.

Во контекст на состојбата со COVID-19, сите датуми за резиденцијален престој се условни и ќе зависат од укинувањето на ограничувањата за меѓународни патувања и состојбата во нашата земја. Издавачката куќа „Готен“ ќе осигури дека се преземени сите заштитни мерки, во согласност со упатства на официјалните институции.

„Превод во движење“ (Translation in motion) заеднички проект фокусиран на резиденцијални престои за преведувачи финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе