Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари, на годишнината од инвазијата

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари.

Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на  одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Со таков напад би се одбележал и Денот на бранителот на татковината во Русија, 23 февруари, со кој се слави војската.

Радио Слободна Европа пренесува дека Резников смета дека Москва сега мобилизирала околу 500.000 војници за новата офанзива.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2022 година најави општа мобилизација на околу 300.000 војници, што според него тогаш беше неопходно за да се обезбеди „територијалниот интегритет на земјата“.

Резников смета дека вистинскиот број на војници кои се регрутирани и распоредени во Украина може да биде многу поголем.

– Официјално објавија 300.000, но кога ќе ги видиме војниците на границите, според нашите проценки, тоа е многу повеќе, рече Резников.

И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната во последните месеци е во ќорсокак, особено откако Украина ја поврати контролата врз јужниот град Херсон.

Со исклучок на руското заземање на градот Соледар, ниту една страна не направи голем територијален напредок.

И покрај честите најави на Украина и Западот, досега се покажа дека датумите на Русија не ѝ значат многу кога е во прашање војната во Украина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе