Рибери: Можам да играм во голем клуб барем уште две години

По 12 години во Минхен, Франк Рибери ќе го напушти тимот на Баерн по крајот на овој месец, кога истекува неговиот договор. Сепак, тој настојува да продолжи да игра на највисоко ниво, во некоја од најдобрите европски лиги, бидејќи смета дека има уште многу да понуди на теренот.

Рибери (36) пристигна во Баерн Минхен во 2007 година, откако се препорача себеси со одличниот настап на СП 2006. Во 12-те години поминати во дресот на „баварците“ тој забележа 425 настапи и постигна 124 гола, а притоа освои дури 23 трофеи, меѓу кои и оној од Лигата на шампионите во 2013 година.

„Уште сум гладен и сметам дека имам уште многу да понудам. Додека чувствувам дека ме држат нозете, ќе продолжам да играм професионално. Нема да ве лажам, уште можам да играм за голем клуб... Сакам да играм барем уште две сезони“, изјави Рибери.

Францускиот крилен фудбалер најави дека си заминува од Баерн Минхен заедно со неговиот досегашен соиграч Арјен Робен, со кого заедно доминираа во германскиот фудбал во изминатата деценија. Германските медиуми шпекулираа дека Рибери ќе ја продолжи кариерата во САД или во некоја од лигите во Саудиска Арабија или Катар, но тој инсистира дека не е вистински момент за таков трансфер.

„Пари можам да заработувам било каде, но сакам да имам предизвик. Мислам дека уште можам да одговорам на било каков предизвик. Кога пристигнав тука, Баерн се наоѓаше на 14-тото место на табелата, а сега си одам со 23 трофеи во 12 години“, додаде тој.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе