Рибери не исклучува враќање во Бундеслигата

Ветеранот не размислува за пензија, тука за евентуално враќање во Германија, но само доколку не го продолжи договорот со клубот од Фиренца.

Сегашноста е јасна, иднината не. Франк Рибери е во центарот на проектот на Фиорентина. На 16-те натпревари сезонава (рачунајќи ја и Копа Италија), тој на дури 14 беше стартер. На свои 37 години сезонава ја почна со одличната асистенција за Федерико Кјеза (пред да замине во Јуве) против Интер, а последен блесок му беше асистенцијата за Горан Влаховиќ против Јувентус. Французинот е главната алка во бледата сезона на Виола.

Неговиот договор со Фиорентина завршува на крајот од сезонава, кога веќе ќе има 38 години (роденден му е во април). Но, тој не размислува за пензија, напротив, не исклучува можност да се врати во Бундеслигата.

„Во моментов мислам само на Фиорентина, јас сум важен дел од тимот. Но, доколку заврши мојата авантура тука, не исклучувам можност да се вратам во Бундеслигата. Не сакам ништо да исклучам“, вели Рибери говорејќи за германски Bild.

Тој 12 сезони ги бранеше боите на Баерн пред да се пресели во градот на Данте Алигиери. И од Фиренца ги прати случувањата во баварскиот клуб. Јасна му е ситуацијата со Лирој Сане кој по враќањето од повредата не е истиот.

„Не е лесно човек да се врати по една повреда како таа на Сане. Но, на терен мора да даде сѐ од себе. Доколку успее 60 минути да одигра на врвно ниво, нема ништо лошо во тоа да отиде до кај тренерот и да му рече дека е време да го замени. Тоа не е знак на слабост, туку на сила. Верувам во Лирој бидејќи е млад и има талент. Играчи како Кингсли Коман и Серж Њабри се веќе некое време во Баерн, ја познавам клупската филозофија повеќе од нив“, додава Французинот.

„Лирој ги покажа своите квалитети во Манчестер Сити, каде имаше и поголема конкуренција. Четворицата латерални напаѓачи на Баерн треба да си помагаат еден на друг. Да се биде на клупа не е проблем бидејќи дури и за 20 минути на терен може да се направи разлика“, смета тој.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе