Британскиот милијардер и основач на групацијата „Virgin“ Ричар Бренсон ги советуваше руските бизнисмени и им кажа да не се плашат од неуспех.
„Русите имаат историски страв од неуспех. Слушам дека ова, конечно, почнало да се менува, а тоа е многу важно“, рече Бренсон на економскиот форум во Москва.
Милијардерот нагласи дека младите од Велика Британија и од САД не се плашат да преземат ризици.
„Ако пробате нешто и не успеете, само продолжете да се обидувате одново и одново додека не успеете. Сметам дека на Русија ѝ се потребни луѓе кои ќе се обидуваат повторно, дури и ако не успеат од прв пат“, рече Бренсон.
Тој исто така се потсети на своето минато и даде совет да се учи од искуствата.
„Буквално си го имам ризикувано животот за моите бизниси“, рече тој, алудирајќи на обидот да го прелета Атлантскиот Океан за да ги промовира „Virgin Airlines“.
Бренсон рече дека првиот чекор кон успехот е да научиш да кажеш: „Заеби!“