Филм & ТВ

Ричард Гир и неговата 33 години помлада сопруга чекаат бебе

8. август 2018 - 19:07 | МИА

Лос Анџелес, 8 август 2018 (МИА) - Три месеци по свадбата, актерот Ричард Гир (68) и неговата сопруга Алехандра Силва (35) го очекуваат своето прво заедничко дете.

Тие се заедно три години. Актерот веќе го има 18-годишен син Хомер, а бизнисменката Силва - шестгодишното момче Алберт.

Вестите, кои започнаа како гласини пред неколку недели, веќе се потврдени од извори блиски до телевизијата ABC.

Силва во понеделникот објави слика во Инстаграм, за да одбележи три месеци од свадбата со Гир, но не спомена ништо за очекуваното бебе.

 

Hoy hace 3 meses de un momento muy especial en nuestra vida, momento en el que contentos, no solo por haber podido compartir la alegría de nuestro amor mutuo con amigos y familiares, sino también porque tuvimos la oportunidad de expresar nuestras aspiraciones para el futuro. Aspiraciones a hacer de nuestro camino espiritual el núcleo de nuestra vida juntos. De ayudarnos unos a otros en el camino hacia la iluminación, regando las semillas del amor, la compasión, la generosidad, la ética, la paciencia, el esfuerzo, la concentración y la sabiduría en los demás. A medida que avanzamos en este camino y sufrimos los diversos altibajos de la vida, aspiramos a transformarlos en el camino del amor, la compasión, la alegría y la ecuanimidad. #AlejandraGere #RichardGere #happiness #FelicidadAbsoluta #InLove ............... Today it’s been 3 months of a very special moment in our lives when we went happy, not only because we where able to share the joy of our mutual love with friends and family, but also because we had the opportunity to express our aspirations for the future. Aspirations to make our spiritual journey the core of our life together. To help each other on the path to enlightenment, watering the seeds of love, compassion, generosity, ethics, patience, effort, concentration and wisdom in others. As we move along this path and suffer the various ups and downs of life, we aspire to transform them into the path of love, compassion, joy and equanimity.

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

„Денеска се навршуваат три месеци од еден многу посебен момент во нашиот живот, момент во кој се радувавме не само да ја споделиме среќата од нашата меѓусебна љубов со роднините и пријателите, а и затоа што имавме можност да ги изразиме нашите стремежи за иднината. Стремежите да го претвориме нашиот духовен пат во суштината на заедничкиот живот. Да си помагаме на патот кон просветлување, сочувството, великодушноста, трпението, напорите, концентрацијата и мудроста кон другиот“, напиша Алехандра.

Коментирај