Ријад и Абу Даби ветија 500 милиони долари за гладните во Јемен

Ријад, 20 ноември 2018 (МИА) – Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои се главни сили во коалицијата против Хутите во јеменскиот конфликт, соопштија дека ќе издвојат 500 милиони долари за помош на гладните во Јемен.

Секоја од земјите ќе обезбеди помош од 250 милиони долари за повеќе од 10-те милиони жители на Јемен кои имаат потреба од храна, изјави пред новинарите во Ријад генералниот директор на Центарот за хуманитарна помош „Крал Салман“, Абдула Рабија. Тој прецизираше дека средствата ќе бидат испратени на службите на Обединетите нации, како и на локални и странски невладини организации во Јемен.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт оваа година веќе доделија 1,25 милијарди долари, согласно планот на ОН за хуманитарна помош за Јемен.

Војната во Јемен, која и пред конфликтот беше една од најсиромашните земји во светот, ја стави земјата на работ на глад и, според ОН, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во историјата. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе