Популарната американска пејачка, Ријана, ги израдува своите обожаватели со изјава дека овие денови таа веќе е во студиото и работи на нови песни.
Една од најголемите поп ѕвезди на дешеницата Ријана, во 2016 година го објави осмиот по ред студиски албум под назив „ANTI“.
Од тогаш следуваше пауза, барем кога е издавањето на нов материјал во прашање, па логично е тоа што сега обожавателите бараат од пејачката да објави нови песни.
Таа во петокот во интервју за британскиот „Graham Norton Show“, на прашањето за новите песни откри дека веќе се наоѓа во студиото, односно дека снима нови песни, не сакајќи да прецизира никакви детални информации, како датуми за објавување и слично.
Ријана на претходното издание „ANTI“ соработуваше со мноштво на искусни и барани продуценти и музичари ширум светот како што се Тимбеленд, Тревис Скот, Кевин Паркер и многу други.
Интересно е дека големите хит синглови кои се појавија во текот на 2015 година - „Four five seconds“, „American oxygen“ и „Bitch better have my money“, не се најдоа на албумот „Anti“.