Ријана и Доналд Гловер заедно во филм?

Поп-дивата Ријана и човекот кој ја освои 2017 година на музички и филмски план, Доналд Гловер, беа фотографирани на Карибите, каде се верува дека го снимаат нивниот заеднички филм со работен наслов „Guava Island“.

Иако засега нема детали околу филмот, се шпекулира дека дел од актерската екипа ќе бидат британскиот актер Нонсо Анози, како и Летиша Рајт, која се појави во боксофис хитот „Black Panther“.

Режисер на филмот во најава е Хиро Мураи, кој стана познат откако го режираше спотот на Доналд Гловер (Childish Gambino) за песната „This Is America“ кој се појави во етер годинава. Неговиот работен однос со Доналд Гловер се прошири и во серијата „Atlanta“, каде во неколку епизоди се појави во режисерскатата улога.

За Ријана ова ќе биде уште една во низата филмски улоги кои пејачката ги доби во последниот период, откако претходно се појави во „Ocean’s Eight“, „Valerian“ и веќе подзаборавениот „Battleship“. Истовремено со филмот, американските медиуми велат дека Ријана работи на два нови албуми, кои би требало да бидат промовирани пред крајот на 2018 година.

„Ријана не е среќна со реакциите кои ги доби за нејзиниот последен албум – иако ѝ се допаѓа како испадна албумот, таа знае дека мора да се врати со многу подобар албум. Таа во моментов снима два албуми, едниот со песни кои би требало да ја вратат на врвот на топ-листите, а другиот со експериментални песни“, пишува американскиот Metro.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе