За новата колекција на нејзиниот бренд Savage X Fenty, Ријана позираше во предизвикувачко издание и го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи кои ја опсипуваа со комплименти.

Станува збор за колекција за Денот на вљубените наречена Loveline. Носеше проѕирен градник, халтер и танга. Извади и розови прамени. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка и штикли.
„Поклонете се. Пристигна кралицата на Валентајн“, се наведува во описот. По ова следеа коментари од нејзините воодушевени обожаватели.

„Колку си убава“, „Жена гордо го покажува своето тело какво што навистина е. Таа не е роб на фотошопинг“, „Каков почеток на годината“, „Најочекуваната колекција досега“, се некои од коментарите.

Како што е познато, оваа пејачка долго време е посветена на своите козметички и модни брендови, како и на своето семејство. Иако многумина се надеваат дека наскоро ќе се врати во светот на музиката, се чини дека тоа нема да се случи.

„Музиката беше она што ми го привлече вниманието, но Бог имаше други планови за мене“, рече таа на отворањето на филијалата Fenty Beauty во родниот Барбадос.
