Рим и Париз ги замислуваме како огромни градови и во минатото. Но, она што се денес не е ниту близу до она што биле во минатото.
Рим во антиката важел за огромен град, најголем во своето време во Европа. Но, кога картата на антички Рим ќе се постави врз картата на денешниот Рим, тој голем антички град наеднаж изгледа многу мал.
Античкиот Рим на сликата долу е прикажан со бела боја. Доколку кликнете на сликата ќе ја видите во одлична резолуција.
Доколку се направи споредба на Париз од крајот на Средниот век и Париз денес, споредбата е неверојатна. Во последните пет века градот незамисливо со проширил, впивајќи ги околните села кои денес се населби.
Париз во 1422 година зафаќал територија обележана со бело на сликата долу. Тоа е всушност дел од центарот на денешниот Париз.